Бизарен настан се случил во Словенија откако Општата болница во Целје направила грешка и го заменила идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот преживеал, а другиот починал.
Болницата го прогласила преживеаниот за мртов и информацијата стигнала до болницата, а пред да се дознае дека се работи за грешка, се одржал и погребот.
Семејството на едниот пациент кое добило тело од починат човек, веќе го направило и погребот мислејќи дека го закопуваат нивниот роднина.
Се вратил дома
Проблемот настанал кога и двајцата пациенти биле донесени со иста брза помош, а пациентите немале алки за идентификација.
Грешката ја откриле кога преживеаниот пациент се вратил дома.
Претходно немало такви случаи
Раководството на болницата понудило оставка, а во случајот се вклучила и полицијата, додека министерот за здравство рекол дека вакви работи досега немало во Словенија.
– И двајцата неподвижни, не се работеше за Ковид-19, не се работеше за некаков итен случај. Едниот пациент имал пневмонија, другиот инфекција на уринарниот тракт. Во исто време биле донесени, очигледно имало промена на идентитетот во болницата, без проверка на идентитетот, а потоа лекувањето било како што било. Беше шокантно да се слушнат роднините, како сакаа да дојдат на посета, а тоа не беше можно. Беше уште пошокантно да се слушне како работите може да тргнат наопаку, рече тамошниот министер за здравство Лоредан.