Бизарна кражба во Венеција: Погледнете што успеале да украдат дрските француски крадци

од Берта Китинска
358 прегледи

Двајца туристи во Венеција се уапсени поради кражба на гондола, јави Си-Ен-Ен. Предметните француски државјани се обвинети дека во четврток околу 1.30 часот украле гондола од станицата Академија, покрај познатиот мост со истото име, за да се возат по Каналот Гранд.

Сопственикот на гондолата Џорџо Бонџоло изјавил дека предметите од гондолата – ќебиња, перници, украси и други предмети во вредност од неколку стотици евра, биле фрлени во каналот, пред француските државјани да веслаат како да се во кану.

Гондолиерот вели дека туристите биле уапсени кога тројца локални жители во чамец кој поминувал ја забележале гондолата како цик-цак напред-назад преку каналот и сфатиле дека нешто не е во ред.

Заедно со кривичната пријава за тешка кражба, шегобијците се соочуваат и со граѓанска тужба за оштета од сопственикот на гондолата.

Гондолиерот за Си-Ен-Ен изјавил дека рано утрото добил повик од полицијата, која го идентификувала чамецот како негов.

„Тројца момци веднаш видоа дека е украдено, ги запреа и повикаа полиција. Ми ја спасија гондолата, инаку којзнае каде ќе заврши до утро, изјави гондолиерот.

Бониоло рече дека двајца туристи на возраст од 30 години се смееле додека тој отишол да ја идентификува својата гондола, која завршила до музејот Гугенхајм, на неколку стотини метри од местото каде што била украдена.

Гондолите не се евтини чамци за масовно производство. Бонџоло вели дека неговата рачно изрезбана гондола чинела 60.000 евра, а троши 3.000 евра за пребојување секоја година.

Слични содржини