Бизарно видео од утрово кружи на социјалните мрежи. Снимката беше споделена на Твитер од новинарот Френсис Скар.
This poetry performance by Russian-installed Kherson official Kirill Stremousov is truly one of the most bizarre things I have ever seen pic.twitter.com/C1Hh1fDTeq
— Francis Scarr (@francis_scarr) October 18, 2022
На видеото се гледа Кирил Стремусов, функционер назначен од Русија во окупираната област Херсон, како рецитира песна пред зелениот екран на која се прикажани низа слики од целиот свет.
„Ги гледам Прага и Варшава, Будимпешта и Букурешт. Ова е руска земја, колку од моите омилени места се тука! Каде и да одам со тенкот, тоа ќе биде мојата омилена земја! Ја гледам реката Амазон, гледам и крокодили! Тоа е руска земја, тоа е мојата татковина!“ – вели возбудено Стремусов.
Видеото завршува со изјавата: „Целиот свет ги сака Русите“, по што Стремусов исчезнува под зелениот екран, пренесува хрватски „Индекс“.