Бизнис Мрежа со бонитетни информации за компании од Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија

од Vladimir Zorba
665 прегледи

На македонските компании значително ќе им се олесни процесот за носење паметни деловни одлуки во соработка со компании од регионот. Сега веќе имаат можност да добијат инстант информација за бонитетот на било која компанија од Србија, Хрватска, Словенија или Црна Гора, целосно онлајн на само еден клик.

За било компанија од регионот можете на едно место да ги проверите нивните финансиски податоци, кредитен рејтинг, бизнис тренд, судски спорови, сопственичка и управувачка структура. Сето ова го овозможува платформата за бонитетни информации – БизнисМрежа.мк.

Генералниот директор на БизнисМрежа.мк, Огнен Огненоски, за Бизнис Инфо, вели дека на овој начин значително ќе се олесни соработката на македонските со компании од регионот, бидејќи ќе им бидат достапни повеќе податоци на располагање за правилно донесување на одлуки, а очекува и зголемено користење на алатката за брза проверка на бонитет на компаниите.

На македонските корисници, како што рече Огненоски, на располагање им стојат бонитетни податоци за сите компаниите од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора преку платформата.

Платформата БизнисМрежа.мк е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). БизнисМрежа.мк е збир на прецизни online деловни информации, кои што се потребни за донесување секојдневни деловни одлуки. Најголемата база на податоци овозможува увид во работата на повеќе од 80.000 активни македонски правни субјекти, а сега веќе достапни се и податоци за компании од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. На едно место ги содржи сите последни информации за сите регистрирани правни лица.

Слични содржини