Пејачката Адел (33) минатиот викенд гостуваше кај Опра Винфри (67) со која разговараше за многу скокотливи теми од нејзиниот приватен живот.
Имено, тоа интервју само по себе ќе беше интересно доколку американските медиуми не ја пренесоа информацијата дека CBS поради двочасовниот разговор ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.
Според британскиот магазин „Мирор“, Адел има и огромен бенефит и профит од се, бидејќи ќе заработува од емитување на нејзиниот музички материјал.
– Технички, може да каже дека интервјуто е бесплатно, но платени и се изведувачките права за песните што ќе се најдат во емисијата. Телевизиските мрежи ширум светот одвојуваат значителни суми за емитување во нивниот регион, а тоа ќе значи дека доаѓаат милиони од сите страни – вели изворот.
– Еден инсајдер вели дека Си-Би-Ес платил најмалку пет милиони долари, но можеби и 7 милиони за дебито „Adele: One Night Only“ – двочасовен специјал кој ќе го содржи првиот нов материјал на пејачката по шест години пауза – изјавил извор за „Мирор“.
Адел и Опра го снимиле интервјуто во вилата на водителката, а се шпекулира дека ова интервју, кога се во прашање бројките, ќе биде поисплатливо од она што и го дале Меган Маркл (40) и принцот Хари (37) на Опра.