Bizzarrini Giotto

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Препородениот италијански производител на суперавтомобили Bizzarrini го покажа Giotto (именуван по основачот на компанијата), кој ќе се нуди во ограничено издание.

Според соопштението за печатот, Giotto е развиен за да понуди луксузен ентериер, привлечен дизајн и моќен V12 мотор.

Инаку, Bizzarini го покажа спортскиот модел P538 уште во 2008 година, но тој проект не заживеа.

Сега се обидуваат повторно, со суперавтомобил кој има средно монтиран 6,6-литарски Cosworth V12 мотор, погон на задните тркала и 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Крис Порит, инженер кој работел во Aston Martin, Tesla и Rimac, е задолжен за модификација на моторот за употреба во Giotto. „Имаме многу јасна визија за Giotto, дефинирана на крајот од тоа како се чувствува возачот“, рече Порит во изјавата.

Џорџето Џуџаро побара помош од неговиот син Фабрицио за дизајнот, кој се карактеризира со заоблени линии. Панелите на каросеријата се направени од јаглеродни влакна за помала тежина.

Другите детали ќе бидат објавени подоцна, а тестирањето се очекува да започне во текот на есента 2024 година.

Засега не се знае точно колку примероци ќе бидат произведени, ниту по која цена.