„Black is King“: Зошто новиот албум на Бијонсе е повеќе од музика?

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Кога Бијонсе минатата година го позајми својот глас на Нала, хероината во римејкот на Дизни на култниот филм „The Lion King“, таа одлучи да скокне надвор од утврдената шема со која Холивуд до тогаш, така да се каже, многу стереотипно ја прикажуваше Африка и локалната култура, и обезбеди еден целосно различен поглед на легендарната бајка за деца. Една година подоцна, здружувајќи се со неколку продуценти и користејќи одредени нумери од филмот, Бијонсе направи свој филм и сподели уште еден многу успешен визуелен албум со фановите.

Филмскиот албум, инспириран од животните лекции што ги научивме од „The Lion King“, доаѓа само два месеци по масовните антирасистички протести што ги потресе сите педесет американски држави. По бруталната смрт на Џорџ Флојд, таа одлучи да ја прошири својата идеја и да ја истакне различноста што ја носи африканската култура, на која е горда.

Ова најдобро се прикажува во мешавината на звукот на модерниот треп, хип-хоп, ар ен би, но и африканската мелодија и модните комбинации што изобилуваат во овој визуелен, филмски албум.

Филмот е снимен во Велика Британија, САД и неколку земји во Јужна и Западна Африка. Бијонсе на тоа ангажираше локални африкански уметници, а филмот го опиша како „синоним за љубовта и нејзиниот омилен проект, кој го работела дење и ноќе“.

„Настаните од 2020 година ја направија идејата за филмот уште порелевантна, затоа што луѓето ширум светот тргнуваат на историско патување. Сите бараме безбедност и светлина. Многумина од нас сакаат промена. Верувам дека кога Афроамериканците ќе ги раскажат своите приказни, можеме да го промениме светот и да ја раскажеме нашата вистинска приказна за богатството на генерациите и богатството на душата. Во овој визуелен албум, сакав да ја претставам историјата и традицијата на Африка“, рече Бијонсе.

Филмот ги заменува танчерските сцени со снимките од филмот „The Lion King“, снимки од црни семејства ширум светот и секвенци во кои Бијонсе зборува за нејзиното генерациско духовно патување. Покрај Бијонсе, во естетиката придонесоа и режисерите Емануел Адјеи, Блиц Базавул, Пјер Дебушер, Ибра Аке, Дикајл Римаш, Џејк Нава и Кваси Фордјур.

Луѓето кои работеа на уредување на видеата не ни дозволија да ја гледаме Бијонсе во ист кадар повеќе од пет секунди. Целиот албум, или филм, се базира на идејата за антички африкански племиња спроведени во видеа полни со хаос, дивина и поп култура.

Беа направени неколку спотови, како еден вид омаж на големите Афроамериканци кои го одбележаа претходниот период во историјата. „Њујорк Тајмс“ наведува дека има референци кои зборуваат за Џули Даш, Дејвид Хамонс, Адут Акеч, Мухамед Али, Нина Симон, итн.

Дека кога станува збор за нејзината кариера, ништо не е случајно, и дека таа навистина е една од најголемите црни икони во Америка, е потврдено од фактот дека пред филмот е објавен документарен филм за снимањето на истиот, по што следува нејзиниот нов сингл „Black Parade“, кој е симболично објавен на 19 јуни, денот кога се одбележува крајот на ропството во САД.

Слични содржини