„Black Panther“ продолжува да биде еден од најуспешните филмови на „Marvel“ – изминатиот викенд филмот прескокна една милијарда американски долари приходи во светски рамки. Тоа се општите приходи на сите проекции, а вкупните го надминуваат дури успехот на „Star Wars: The Last Jedi “, последниот голем филм на „Дизни“.
Според „Box Office Mojo“ тоа е и првиот филм од Marvel Cinematic Universe, кој останува на врвот на топ листите и приходи за четири последователни недели.
Филмот дебитираше овој викенд во Кина, што му донесе уште 66,5 милиони долари во првите три дена.
Рекордите, погодени од „Black Panther“, веќе стануваат навистина многу – тоа е најголемото филмско деби во февруари (го победи „Deadpool“), второто најголемо по приходи деби на Marvel (по „The Avengers“ и највисокиот по приходи филм од темнокож режисер.