Канадската компанија BlackBerry, еден од пионерите на пазарот за паметни телефони, поднесе тужба против Facebook, тврдејќи дека социјалната мрежа нарушува нејзини патенти на технологија за размена на пораки.
Тужбата е поднесена во Лос Анџелес од самата BlackBerry, а не од нејзиниот партнер TCL, кој од 2016 година пушта смартфони со легендарниот канадски бренд. BlackBerry се обрати кон судот по многу години неуспешни обиди за преговори со Facebook, пишува Engadget.com.
Патентираните технологии на BlackBerry се користат во системот BBM кој овозможува размена на пораки и слики, избегнувајќи плаќање на такси кон операторите за SMS и MMS услуги. Сепак, технологијата BlackBerry е исто така популарна кај популарните апликации како што е WhatsApp, која е во сопственост на Facebook.
Во меѓувреме, официјален претставник на Фејсбук ја изрази подготвеноста на социјалната мрежа да се брани себеси. Според него, BlackBerry го напуштил развојот и сега се потпира на „оданочување“ на оние компании кои ги движат иновациите.