Филмот „Приказната завршува со нас“ можеби не ги инспирираше очекуваните реакции, но на фановите им даде нешто уште подобро – реална драма! Блејк Лајвли и Џастин Балдони се караат со месеци, а најновиот потег на актерот ја сврте ситуацијата во негова корист.
Снимката што ја објави во јавноста покажува дека актерката малку ги „пренагласила“ своите обвинувања, а доказите кои сега се пред нас откриваат како всушност изгледало снимањето на сцените кои актерката ги опиша како вознемирувачки.
Потсетуваме, Лајвли и Балдони побараа помош од судот, обвинувајќи се меѓусебно за непријатности на снимањето, а адвокатите на Балдони потоа отидоа чекор понатаму и објавија немонтирана снимка од танцова сцена од филмот. Видеото беше објавено на 21-ви јануари со намера да се побие тврдењето на актерката дека и направил непријатно со тоа што ја душкал по вратот и и кажувал колку убаво мириса.
„Следните видеа направени на 23 мај 2023 година јасно ја побиваат карактеризацијата на г-ѓа Лајвли за неговото однесување. Сцената за која станува збор беше дизајнирана да прикаже два лика кои се заљубуваат и копнеат по блискост. И двајцата актери јасно се однесуваат добро во рамките на сцената и со взаемна почит и професионализам. Ова се сите три кадри преземени од секвенцата“, се вели во соопштението на тимот на Балдони.
Откако се појави клипот, тимот на популарната актерка брзо возврати со изјавата дека снимката му нанела повеќе штета отколку корист на Балдони. Тие тврдат дека снимката е само уште еден доказ кој го потврдува сомнителното однесување на Балдони, поради што го тужат.
„Џастин Балдони и неговиот адвокат можеби се надеваат дека овој најнов трик ќе ги надмине штетните докази против него, но самото видео е за осуда. На видеото се гледа како г-дин Балдони постојано се наведнува кон г-ѓа Лајвли, се обидува да ја бакне, ѝ го бакнува челото, го трие лицето и устата по нејзиниот врат, ја допира нејзината усна со палецот, ја милува, и кажува колку убаво мириса и зборува со неа надвор од нејзиниот лик од филмот. Секој кадар од објавената снимка целосно го потврдува она што г-ѓа Лајвли го опиша во став 48 од нејзината жалба. Секој момент од ова беше импровизиран од г-дин Балдони без претходна дискусија или согласност и без присутен координатор за интимност“, одговорија тие.