Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс повторно критикувани: „Добро синхронизирана глума“

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Блејк Лајвли се појави на црвениот тепих за прв пат по тужбата против Џастин Балдони за време на прославата на 50-годишнината од шоуто „Saturday Night Live“, кое очекувано привлече големо внимание.

И покрај гласините за нејзината нервоза, експертот за говор на телото Џуди Џејмс истакна дека актерката успешно ја сокрила секоја непријатност.

Додека позирала пред фотографите, Лајвли покажала знаци на самодоверба и пркос ставајќи ја раката на половината и фрлајќи ја главата назад.

Сепак, нејзината интеракција со Рајан Рејнолдс пред фотографите делуваше малку извежбана и неспретно, што сугерира дека нивната врска не е толку идилична и дека ситуацијата со Џастин Балдони се одразила и на нивниот брак.

За време на краткото појавување на Рејнолдс во шоуто, Лајвли лажираше насмевка, стеснувајќи ги очите со навидум одобрувачки израз. Меѓутоа, кога Рејнолдс направи шега која алудираше на нивната правна ситуација, Лајвли брзо го промени својот израз, што се протолкува како „добро синхронизирана глума“.

Шегата на Рејнолдс привлече големо внимание на социјалните мрежи, а се споделува и видео од неодобрувачкиот израз на Кевин Костнер, кој не ја прифати најдобро шегата.

Ова беше нивното прво појавување на црвениот тепих заедно по премиерата на „Приказната завршува со нас“ во август 2024 година.

Слични содржини