Блејк Лајвли и Тејлор Свифт повеќе не комуницираат, а одлуката секако ја донела музичарката, поради можноста да и се разниша репутацијата поради судските битки на Лајвли со Џастин Балдони.
Нивното пријателство изгледаше нераскинливо, но сепак успеа да пукне. Тејлор Свифт беше толку блиска со Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс што неколку пати пееше за нивните ќерки во нејзините песни, парот беше фотографиран во ВИП ложи неколку пати за време на турнејата „Ерас“, а Блејк дури и правеше друштво на игрите на Канзас Сити Чифс.
Двете пријателки беа едни од најмоќните жени во светот на шоу-бизнисот, но пријателството се распадна кога актерката реши да го искористи угледот на својата пријателка.
Имено, како што откри Џастин Балдони, Блејк Лајвли во неколку наврати му спомнала дека е во блиска врска со Тејлор Свифт, која ја има една од најголемите фан бази во светот на славните. На овој начин, актерката сакала да го натера Балдони да ги прифати нејзините предлози за филмот „Приказната завршува со нас“ и користејќи го влијанието на поп-ѕвездата дополнително да ја зајакне контролата што ја имала врз продукцијата на филмот, кој стана светски хит.
Сепак, тоа навистина не и се допаднало на Тејлор Свифт.
„Тејлор не комуницира со Блејк“, рекол извор, откривајќи дека Свифт била поканета на забавата на SNL, но не дошла токму за да избегне средба со нејзините поранешни пријатели.
Целата ситуација ја натера Свифт да ги преиспита нејзините блиски пријателства: „Тејлор проверува кои од нејзините пријатели се добри за неа, а кои се таму за лична корист“, додаде друг извор, објаснувајќи: „Таа засега се дистанцира од Блејк бидејќи не сака да се меша во ова повеќе отколку што веќе е, што е многу повеќе отколку што некогаш требало да биде“.