Блејк Лајвли под притисок, Балдони бара нови докази

од Nikola Popovski
548 прегледи

Правните проблеми на актерката Блејк Лајвли стануваат сè посериозни откако нејзиниот адвокатски тим доби судска покана од Џастин Балдони минатата недела.

Според „Дејли меjл“, тимот на Балдони бара да му бидат доставени сите пораки и е-пошта поврзани со него и филмот „Приказната завршува со нас“, што беше причина за јавен конфликт, но и бројни тужби меѓу него и Блејк Лајвли.

Блејк Лајвли (37) go обвини Балдони (41) за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот, тврдејќи дека тој водел негативна медиумска кампања против неа. Балдони одговори со контратужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс (48), барајќи отштета од 400 милиони долари за она што тој го смета за клеветнички и лажни обвинувања и обидите дека сака да го преземе целиот проект.

Некои од наводите на Лајвли, како што е тврдењето дека Балдони го мирисал нејзиниот врат за време на сцената со танцување и рекол „убаво мирисаш“, се доведени во прашање. Иако тврдеше дека микрофоните биле исклучени во тој момент, „Дејли мејл“ доби снимка на која јасно се гледа дека микрофоните биле вклучени, а разговорот всушност бил за мирисот на нејзиниот лажен тен.

Сега се шпекулира кој друг би можел да биде повикан како сведок. Рајан Рејнолдс е речиси сигурно следниот чии пораки и е-пошта ќе бидат анализирани, додека има гласини дека Тејлор Свифт и Хју Џекмен би можеле да бидат повикани на сведочењето.

Свифт наводно е бесна што била вмешана во случајот и не е видена со Лајвли со месеци, а потегот на нејзиното момче Тревис Келце, кој неодамна престана да го следи Рејнолдс на социјалните мрежи, предизвика дополнителни тензии.

Судската покана веќе ѝ е доставена на портпаролката Стефани Џонс, која Балдони ја тужи и за наводно предавање на мобилниот телефон на неговата публицистка Џенифер Абел. Пораките од тој уред биле искористени како доказ за тврдењата на Лајвли за кампања за клевета, но тимот на Балдони тврди дека пораките биле селективно изменети и ги објавија сите разговори.

Слични содржини