Актерката Блејк Лајвли неодамна откри дека е бремена и го чека четвртото дете со актерот Рајан Рејнолдс.
Блејк на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои таа е насмеана и позира во костим за капење со пријателите, семејството и нејзиниот сопруг.
„Еве фотографии од мене бремена во реалниот живот, па се надевам дека 11-те момци кои чекаат надвор пред мојата куќа ќе ме остават на мир. Ме плашите мене и моите деца. Ви благодариме на сите други за вашата љубов и почит. И благодарност до медиумите кои имаат ‘политика на забрана за објавување детски фотографии’. Сите вие правите разлика. Многу љубов“, напиша актерката.
На фотографиите кои ги објави се гледаат Рајан Рејнолдс, сестрата на актерката Робин, како и нејзината пријателка и позната пејачка Тејлор Свифт.