Блекбери, Самсунг и ИБМ со заеднички таблет

од Vladimir Zorba
126 прегледи
Блекбери, Самсунг и ИБМ влегуваат во интересна соработка, која има една цел – создавање на еден од најбезбедните таблети. СекуТАБЛЕТ, како што e неговото име, е базиран на Самсунг Таб Ес 10.5 и ќе биде достапен за купување уште ова лето. Уредот поседува специјална технологија за енкрипција, наречена Секусмарт. Во средината на минатата година Блекбери ја стекна компанијата која ја развива оваа технологија.102506059-Galaxy-Tab-S-10.5_set_bronze.530x298
Секусмарт веќе се користи од страна на владите на Германија и Канада, за да се обезбеди потребната заштита од хакери и малициозен софтвер. СекуТАБЛЕТ нема да биде достапен за пошироката јавност. Таблетот има сосема јасна таргет група – „државниот и меѓународниот сектор и трговски корпорации„, пишуваат од ГСМарена.
Интересно е дека безбедниот таблет ќе им овозможи на сопствениците да користат и популарни социјални мрежи и апликации за размена на текстуални пораки – Фејсбук, Твитер и ВатсАп. Од ИБМ обезбедија софтвер кој му овозможува на корисникот да го раздели на безбеден начин работниот процес од личните апликации кога го користи таблетот.
Самсунг Таб Ес 10.5 е опремен со 10.5-инчен Супер АМОЛЕД дисплеј (2560×1600 пиксели), 8-јадрен процесор Ексинос 5420, 3 ГБ РАМ и 32 ГБ внатрешна меморија.