Поранешниот британски премиер Тони Блер призна дека инвазијата на Ирак на американските војници и нивните сојузници во 2003 година е една од главните причини за последователната појава на терористичката организација “Исламска држава”/ ИД /.

“Мислам дека има малку вистина. Се разбира, не може да се каже дека оние кои го соборија / ирачкиот претседател Садам / Хусеин во 2003 година, не се одговорни за ситуацијата во 2015-та”, вели поранешниот лидер на Лабуристичката партија , кој беше на чело на владата од 1997 до 2007 година, во интервју за американската телевизиска мрежа Cи CNN. Неговата изјава беше одговор на прашањето дали инвазијата во Ирак е “главната причина” за појавата на милитантната група, која си постави за цел создавање на исламски калифат во Блискиот Исток и во моментов контролира големи делови од Ирак и Сирија. Во исто време Блер се извини за грешките направени за време на војната.
“Се извинувам за тоа дека разузнавачките податоци не беа вистинити. Извинување, исто и за некои грешки во планирањето , се разбира, за нашите грешки во разбирањето што ќе се случи откако ќе се смени режимот”, вели Блер. Cи Ен Ен нагласува дека Тони Блер е првиот нивен соговорник, кој ја презема одговорноста за војната во Ирак.