Блесна во бело: Амал Клуни го освои Њујорк со гламурозен стајлинг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Амал и Џорџ Клуни собраа бројни познати личности во Њујорк на доделувањето на наградите Albie, кои ги доделува нивната фондација Clooney Foundation For Justice.

Именувана по јужноафриканскиот судија Алби Сакс, кој беше затворен, а потоа прогонет поради неговиот активизам против режимот на апартхејдот, наградата се доделува на „храбрите бранители на правдата кои се изложени на ризик поради она што го прават“.

Ѕвезди на вечерта секако беа актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, кои повторно ги привлекоа сите погледи.

Имено, како и секогаш, тие беа совршено ускладени, а Амал засени многу дами појавувајќи се во бел, лелеав фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело.

Станува збор за фустан од Версаче со суптилно деколте и мал вел. Деталите со светки дадоа посебен шмек на се.

Амал и Џорџ се појавија насмеани, држејќи се за рака и додадоа дека неодамна ја прославиле деветтата годишнина од бракот и дека се надеваат на уште многу.

Слични содржини