Блиц: Руски тајкун од доверба на Путин ќе прави медиумска империја во Белград?

од desk4
119 прегледи

Српски Блиц открива дека екстремно религиозниот тајкун Константин Малофејев, кој инаку е човек од доверба на Владимир Путин, веќе година дена бара прилика да купи телевизија во Србија.

1b5696ac7ce1fa3e7f800ea6e43de8c5

Фото- Блиц.рс

42 годишниот бизнисмен кој е близок до рускиот претседател Владимир Путин планира да купи медиум, во краен случај да земе кабловска телевизија и една со национална фрекфенција, дневен весник и маркетинг агенција. Во тој процес на пазарење му помага српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ, открива Блиц повикувајќи се на неименуван извор.

– Очекувавме во екот на приватизацијата на медиумите да се појави како заинтересирана страна, но не се случи тоа, вели изворот на Блиц кој е запознаен со работните обврски на рускиот тајкун

Истиот соговорник наведува дека Малофејев по извесната пауза, пред неколку месеци повторно се појави во Белград, за да остане во српската престполнина, а тоа би завршило со купување на една кабловска телевизија за почеток.

Зошто бизнисменот близок на Путин, сака да направи медиумска империја во Србија?

download (49)

Во српските медиуми неодамна се шпекулираше дека Малофејев е сопственик на “Арт” каналот, што во едно интервју изјави и Никита Бондарев од Рускиот институт за стратешки истражувања.Сепак, Слаѓана Појиќ, која се води како овластено лице на Арт каналот, вчера го демантирала Блиц дека Малофејев е сопственик и наведува дека не го познава, ниту дека телевизијата добила некоја понуда.

Блиц анализира понатаму дека целта да руски тајкун купи медиуми има два правци:

1. Застапување на руските геополитички интереси и поддршка на проруските политички партии во Србија, кои се надеваат на голем успех на претстојните услови.

2. Ширење  големи конзервативни религиски вредности кои и самиот Малофејев во западните медиуми ги опишал како “православни, патриотски и империјалистички”.

– Многу луѓе кои носат крстови и се идентификуваат како христијани, но истовремено не одат во црква идат само еднаш годишно на Велигден. Нашата работа е да допреме до нив и да им го поплочиме патот до црквите. Сакаме да известиме за вестите како што им одговара на православниот народ, истакнал во една прилика Малофејев.

Рускиот тајкун и човек од доверба на Путин се залага за повторно воспоставување на руската империја во комплетен обем како и за враќање на институцијата “цар”.  Лани во Русија беше пуштена да зрачи телевизиската станица “Carigrad” која ги промовира таквите ставови. Во таа телевизија се вложуваат десетина милиони евра, а вработени се најголемите американски тв експерти со конзервативни сфаќања.

 Малофејев е нарекуван уште “Путиновиот Сорос”, поради тесните врски со елитата од Кремљ,а основач е сопственик на инвестиционата компанија “Маршал капитал партнерс” која поголем дел од парите ги вложува во телекомуникација, медиуми и технологија.  Малофејев доби санкции од страна на ЕУ и Канада кои му забранија влез во тие држави, поради украинските обвинувања дека Кремљ ги финансира проруските бунтовници на истокот од Украина.  Малофејев има замрзнати банкарски сметки во странство, а сите овие факти придонесле да му порасне популарноста и неговото влијание во Русија.

Против геј браковите

images (31)

Рускиот тајкун е голем противник на “интернет перверзијата” и геј браковите и затоа многу чест ги финансира вредностите на традиционалните семејства кои се остри противници на хомосекусалните бракови. Тој е татко на три деца.

Неговата фондација “Свети Василиј” e eдна од намоќните добротворни организации на руската православна црква.

Малофејев е сопственик на грчки и бугарски телевизии

Малофејев е сопственик на една популарна грчка телевизија, пишува Блиц, а во Бугарија  ги купил каналите ТВ7 и “News 7”, заедно со контроверзниот бугарски тајкун Цветан Василев, неодамнешен сопствник на стакларата “Paracin”.