Блинкен: Америка е подготвена за преговори со Русија

од Milan1
212 прегледи

САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото, рече Блинкен.

Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина”.

Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.

Шефот на американската дипломатија изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.

Слични содржини