Блинкен бара брза и непристрасна истрага за убиените хуманитарци во Газа

Хуманитарната организација, која доставуваше храна во Појасот Газа, објави дека ги прекинува операциите во регионот.

од Бети Божиноска
182 прегледи

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, кој е во посета на Париз, денеска побара „брза и непристрасна“ истрага за смртта на седуммина хуманитарни работници во израелски воздушен напад врз Појасот Газа.

„Разговаравме директно со израелските власти и ги повикавме да спроведат брза и непристрасна истрага за да се дознае што точно се случило“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со неговиот француски колега Стефан Сежурне.

Францускиот министер рече дека неговата земја „цврсто го осудува“ нападот.

„Заштитата на хуманитарните работници е морален и правен императив до кој сите мора да се придржуваат“, рече Сежурне, додавајќи дека „ништо не ја оправдува таквата трагедија“.

Седум хуманитарни работници загинаа во Газа во израелски воздушен напад, соопшти претходно денеска невладината организација „Светска централна кујна“, за која работеле хуманитарците.

Хуманитарната организација, која доставуваше храна во Појасот Газа, објави дека ги прекинува операциите во регионот. Оттаму информираа дека загинале австралиски, полски и британски државјани, како и едно лице кое имало двојно американско-канадско државјанство и еден Палестинец.

Слични содржини