10
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен порача дека е неопходно Израел и Хамас да ги решат преостанатите отворени прашања, вклучително и присуството на израелската војска во коридорот Филаделфија, со цел да се постигне договор за прекин на огнот.
„Врз основа на она што го видов, постои договор за околу 90 отсто од работите, но има неколку критични прашања што остануваат“, изјавил Блинкен за новинарите во четвртокот на Хаити.
Блинкен истакнал дека има и нерешени прашања за тоа како да се разменат палестинските затвореници и израелските заложници, пренесува Ројтерс.