213
Дијалог со посредство на Европската унија е единствениот правилен пат за Белград и Приштина, изјави во Тирана американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Кога почнав да работам во Стејт департментот, предизвик беше Балканот, Босна и Херцеговина, а потоа и Косово. Ние сме навистина луѓе кои имаат идеја дека не можеме да се вратиме во времето. Поради оваа причина, ги поддржуваме сите напори за подобрување на меѓусебните односи и европската интеграција“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.