Блинкен директно до Русија: „Одблокирајте го извозот на украинското жито“

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен директно ѝ се обрати на Русија денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали и ја повика Москва да го деблокира извозот на украинското жито, изјави неименуван западен претставник.

Тој директно ѝ се обрати на Русија, велејќи: „До нашите руски колеги: Украина не е ваша земја. Нејзиното жито не е ваше жито. Зошто ги блокирате пристаништата? Треба да го ослободите житото“, рече неименуваниот функционер.

Како што додаде, Бајден се обратил на пленарната сесија на состанокот, на која се фокусирал на проблемот со безбедноста на храната и енергијата, пренесува „Ројтерс“.

Во Бали, Индонезија, денеска почна состанок на министрите на 19-те најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија, на кој меѓу другите учествуваат Блинкен и Лавров.

Слични содржини