Блинкен го честита 3. март-Националниот ден на Бугарија: Стоиме рамо до рамо со вас

од Nikola Popovski
182 прегледи

Во име на Соединетите Американски Држави, ги упатувам нашите најдобри желби до народот на Бугарија по повод вашиот Национален празник. Оваа година е од особено значење бидејќи ја славиме 120-годишнината од дипломатските односи меѓу Бугарија и САД. Ова се вели во изјавата на Ентони Блинкен, државен секретар на САД по повод 3-ти март-Националниот ден на Република Бугарија.

-Со текот на годините, нашето пријателство прерасна во повеќеслојно партнерство. Како пријатели, партнери и сојузници во НАТО, ние сме горди на нашите заеднички вредности и работиме заедно за да обезбедиме мир, безбедност и просперитет за нашите народи. Знајте дека стоиме рамо до рамо со вас и вашите соседи додека се соочуваме со тешкотиите предизвикани од неиспровоцираната војна на Русија против Украина, додал Блинкен.

-Заедно, ние сме посилни поради нашата соработка на важни теми како што се владеењето на правото и демократските институции, разновидна и доверлива енергетска средина, проширените економски врски и односите меѓу луѓето меѓу нашите земји. Со нетрпение очекувам да го продлабочиме нашето партнерство во наредната година, рекол Блинкен, стои во соопштението.

Како што е познато, на 3 март 1878 година во Сан Стефано, место западно од Истанбул, е потпишан Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманското Царство, склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори, за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време. Австроунгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

Слични содржини