Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека постои широк консензус меѓу регионалните партнери дека новата влада на Сирија мора да биде инклузивна, да ги почитува правата на жените и малцинствата, да го отфрли тероризмот и да обезбеди и уништи залихи на хемиско оружје од времето на Асад.
Блинкен, на денешната средба со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен, рече дека очекува да разговара за предизвиците кои претстојат за Сирија и „решителноста да работиме заедно за поддршка на транзицијата на Сирија во која ОН играат клучна улога, особено кога станува збор за обезбедување помош и заштита на малцинствата“.
„Она што е толку критично во Сирија е тоа што гледаме кредибилен и инклузивен политички процес кој ќе ги обедини сите заедници во Сирија. И втората работа е дека треба да се погрижиме државните институции да не пропаднат и да добиеме хуманитарна помош што е можно поскоро“, се согласи Педерсон.