Блинкен и Саливан на средба со Рон Дермер, министер за стратешко планирање на Израел

од Radmila Tasevska
198 прегледи

Државниот секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, денеска имаат средба со министерот за стратешко планирање на Израел, Рон Дермер, да разговараат за конфликтот во Газа и начините за ослободување на заложниците држени од Хамас.

За средбата соопштија од Белата куќа.

Средбата се случува во време кога САД го повикаа Израел да направи повеќе за заштита на цивилното население во Газа додека траат воените дејствија таму. Блинкен се сретна со Дермер на почетокот на месецов кога беше во посета на Израел.

Воените дејствија во Газа во изминатите денови станаа поинтензивни, израелската војска денеска нанесе воздушни удари во централниот дел на енклавата.

Слични содржини