Блинкен изрази длабока загриженост поради состојбата на поранешниот јапонски премиер

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази длабока загриженост за состојбата на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој беше ранет во обид за атентат за време на предизборен митинг во градот Нара.

„Нашите мисли, нашите молитви се со него, со неговото семејство, со народот на Јапонија“, рече Блинкен на маргините на состанокот на Г-20 на индонезискиот остров Бали, пренесува „Ројтерс“.

„Ова е многу, многу тажен момент. Очекуваме вести од Јапонија“, рече американскиот државен секретар.

Слични содржини