207
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Америка ќе ја зајакне помошта за Украина.
„Силно ја поддржуваме Украина, имаме намера да ја зајакнеме таа поддршка – било да е тоа безбедноста на Украина, нејзината економија, обидите на Украина да ја зајакне својата демократија“, рече Блинкен на сослушувањето во Конгресот.
Тој не соопшти други детали.
Во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб на почетокот на февруари, Блинкен вети дека Америка ќе и обезбеди активна воена помош на Украина.
Москва посочува дека оваа поддршка ќе постои сè додека Киев се бори против „руската агресија“.