276
На Украина е да одлучи дали ќе преземе воена акција надвор од нејзините граници, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, обраќајќи се пред поткомитетот на американскиот Сенат за државни, странски операции и сродни активности.
„Ние сме решени да им го обезбедиме она што им е потребно за да се борат против руската агресија и да ги истуркаат Русите надвор од земјата. Друго прашање е дали Украинците треба да преземат акција надвор од нивните граници“, рече Блинкен во средата и повтори дека од витално значење е да се направи се што е потребно за да се одбрани од руска агресија, пренесе ТАСС.