Блинкен: Ќе одговориме на агресивните активности на Русија

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави денес дека Соединетите држави ќе одговорат на „несовесните или агресивни активности на Русија“.

Блинкен за Би-Би-Си по состанокот на Г7 прецизираше дека Вашингтон се фокусира на активности како што се третманот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, хакерските напади и мешање во американските избори, пренесе Танјуг.

Тој, сепак, додаде дека САД претпочитаат стабилни и предвидливи односи со Русија.

Претседателот на САД, Џо Бајден, во февруари рече дека на рускиот колега Владимир Путин јасно му ставил до знаење дека „завршиле деновите кога САД преминуваа преку руските агресивни активности“, потсетува Би-Би-Си.

Слични содржини