131
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели.
Во интервју за францускиот весник „Вест-Франс“ оваа недела, Блинкен изрази мислење дека за многу пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, во Украина постојат две цели.
„Првата цел е да се направи се што е можно за да ѝ помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги презеде, вклучително и контраофанзива, која се очекува во следните недели“, рече Блинкен.