Блинкен: Мерките на Израел за поголема помош во Газа се добредојдени, но можеби нема да се доволни

од Симе Стоиков

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека мерките што ги најави израелската влада за внесување поголема хуманитарна помош во Газа се добредојдени, но дека можеби нема да се доволни.

Блинкен рече дека отворањето на повеќе гранични премини, доколку целосно се спроведе, има потенцијал да ја зголеми многу потребната помош за Палестинците.

Сепак, како што наведе, САД сакаат да видат опипливи чекори кон подобра заштита на цивилите и хуманитарните работници.

Тој повика на „независна, темелна и целосно транспарентна истрага“ за убиството на седумте хуманитарни работници во Светската централна кујна.

„Ги поздравуваме чекорите што ги најави Израел. Тоа е позитивен потег, но вистинскиот тест се резултатите и тоа е она што сакаме да го видиме во наредните денови и недели“, изјави Блинкен за новинарите во Лувен, град во близина на Брисел, каде што се сретна со американски и европски трговски претставници.

САД, вели тој, сакаат да видат подобра координација за да може безбедно да се достави и дистрибуира помошта во Газа.

Слични содржини