Блинкен: Ништо од „Северен тек 2“ ако Русија ја нападне Украина

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Малку е веројатно дека гасот ќе тече низ гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја обнови својата агресија врз Украина, изјави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Тој цевковод … не минува гас низ него во моментов. Всушност, тоа е средство за влијание на Русија, бидејќи се зависи од тоа колку рускиот претседател Владимир Путин сака да го види протокот на гас низ тој гасовод – дали и кога ќе стане оперативен. Малку е веројатно дека тоа ќе се случи доколку Русија ја обнови својата агресија врз Украина – рече Блинкен.

Групата од седумте најразвиени индустриски земји, Г7, претходно ја предупреди Русија на „масовни последици“ доколку ја нападне Украина, како што е наведено во вчерашната нацрт-изјава, до која Ројтерс имал пристап.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, го предупреди Путин дека Русија ќе плати „ужасна цена“ и ќе се соочи со катастрофални економски последици доколку ја нападне Украина, поради акумулацијата на руски војници во близина на источната украинска граница и зголемените тензии во регионот.

Слични содржини