147
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен очекува да биде постигнат договор за заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа, но „останува уште многу работа“ пред тоа да се случи, пренесуваат странските агенции, цитирајќи ја неговата изјава по состанокот со израелските водачи во Ерусалим.
„Многу сме фокусирани на оваа работа, се надеваме дека ќе успееме да го продолжиме ослободувањето на заложниците што беше прекинато“, додаде Блинкен, потсетувајќи за заложниците кои беа ослободени за време на прекинот на огнот на крајот на ноември минатата година.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, рече дека ќе одржи прес-конференција подоцна денеска.