270
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ги осуди плановите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на кипарските Турци, Ерсина Татари за отворање на летното одморалиште Вароша на Кипар.
-САД сметаат дека акциите на кипарските Турци во Вароша, со поддршка на Турција, се провокативни, неприфатливи и неспоиви со определбата за конструктивно учество во мировните преговори – се вели во изјавата на американскиот државен секретар.
Турскиот претседател вчера изјави дека „животот ќе продолжи“ во Вароша и ги повика кипарските Грци да бараат надомест за загубата на нивниот имот.
Одморалиштето е оградено со бодликава жица и недостапно уште од турската воена инвазија на Кипар во 1974 година.