240
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е убеден оти приговорите на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО може брзо да се надминат, веројатно на време за самитот на лидерите на алијансата на крајот на следниот месец.
На прес-конференција во Вашингтон со финскиот министер за надворешни работи Пек Хависто Блинкен, тој рече дека САД немаат причина да веруваат дека загриженоста на Турција не може да се реши, пренесе АП.