Блинкен: Приоритет на Вашингтон и Приштина е нормализација на односите со Белград

од Radmila Tasevska
141 прегледи

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денес изјави дека приоритетите на Вашингтон и Приштина се зајакнување на безбедноста и стабилноста во т.н. Косово и Западен Балкан, како и нормализацијата на односите со Белград, се фокусираа на, како што наведе, „евентуалното меѓусебно признавање“.

САД и т.н Косово оваа година го потврдија своето силно партнерство и заедничката посветеност на демократијата на Косово во соочувањето со новите предизвици во европската безбедносна средина, рече Блинкен по повод 15 години од еднострано прогласената независност на Косово.

„Напредокот на (т.н.) Косово во текот на 15-те години независност е извонреден по неговите големи чекори во развојот на стабилна, мултиетничка, инклузивна демократија“, рече Блинкен во честитката упатена до Приштина по повод годишнината од еднострано прогласената независност.

Слични содржини