Блинкен разговараше со Алиев за прашањето за Нагорно-Карабах

од Radmila Tasevska
322 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно разговарал со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев за Нагорно Карабах, пренесоа светските агенции.

Алиев му рекол на Блинкен дека нема да има дополнителни воени дејствија, а Вашингтон нагласи дека очекува тој да се држи до тоа.

Блинкен му кажал на Алиев дека е неопходно да нема повеќе воени дејствија и ја нагласил итната потреба да се обезбеди безусловна заштита и слобода на движење на цивилите и да се обезбеди непречен хуманитарен пристап до Нагорно Карабах, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во исто време, советникот на Алиев за надворешни работи денеска изјави дека Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор кон јужна Ерменија, пренесоа британските медиуми.

Слични содржини