233
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на состанокот на АСЕАН (Асоцијација на нации од Југоисточна Азија) изјави дека реакцијата на Кина на посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван е „флагрантна провокација“.
Блинкен, говорејќи на самитот во Камбоџа, рече дека Кина сака да го заплаши, не само Тајван, туку и другите соседи, откако ги започна, како што рече, „најголемите воени вежби досега во Тајванскиот теснец“, пренесе „Ројтерс“.