Блинкен: Русите ја користат атомската централа во Запорожје како „нуклеарен штит“

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека нејзините војници ја користат најголемата нуклеарна централа во Европа како „нуклеарен штит“ во нападите врз украинските сили, пренесе денеска Ројтерс.

Руските сили ја освоија украинската нуклеарна централа Запорожје во март.

Вашингтон изрази „длабока загриженост“ бидејќи Русите ја користат нуклеарната централа како воена база и отвораат оган врз украинските сили, изјави Блинкен за новинарите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Се разбира, Украинците не можат да возвратат, бидејќи би имало страшен инцидент со нуклеарната централа, изјави Блинкен.

Тој рече дека експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија треба да добијат пристап до нуклеарните централи.

Слични содржини