Блинкен: Сали Бериша е „несоодветен“ за влез во САД

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ги прогласи поранешниот албански претседател Сали Бериша и членовите на неговото семејство за несоодветни за влез во Соединетите држави поради корупција

„Коруптивните постапки на поранешниот албански претседател Сали Бериша ја поткопаа демократијата во Албанија. Јас јавно ги прогласувам Бериша и членовите на неговото потесно семејство за несоодветни за влез во САД“, напиша Блинкен на Твитер.

Блинкен додаде дека САД, заедно со своите партнери во Албанија, остануваат обединети во борбата против корупцијата.

Слични содржини