Блинкен: Сеќавањето на жртвите од 11 септември е потсетник за продолжување на борбата против тероризмот

од Radmila Tasevska
190 прегледи

Сеќавањето на оние кои загинаа на 11 септември 2001 година не потсетува зошто мора да продолжиме да се бориме против оние кои вршат терористички акти, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Во годините оттогаш, стоевме рамо до рамо со партнерите ширум светот за да ставиме крај на злото на тероризмот и да обезбедиме терористите да одговараат за нивните злосторства“, нагласи Блинкен во соопштение на Стејт департментот.

„САД ќе продолжат да ја бранат нашата татковина, нашиот народ и нашите сојузници“, додаде тој.

Блинкен потсети дека терористите убија речиси 3.000 луѓе, а ранија повеќе од 6.000 на 11 септември 2001 година, во најголемиот напад врз САД во историјата на таа земја.

„Денеска им оддаваме почит на жртвите и стоиме со семејствата и пријателите на оние кои загинаа во Њујорк, Арлингтон, Вирџинија и Шенксвил, Пенсилванија“, рече тој.

Блинкен додаде дека „вработените во Стејт департментот никогаш нема да го заборават тој трагичен ден, многуте изгубени животи и првите спасувачи кои се ставија во опасност за да ги спасат“.

Слични содржини