Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека сликите на голем број загинати Украинци во градот Буча, по повлекувањето на руските сили, се многу шокантни.
„Ова е реалност што се случува секој ден, се додека трае руската бруталност против Украина“, изјави Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен, пренесува Ројтерс.
Новинарите на агенцијата Франс прес, кои влегоа во градот Буча со првите украински војници, по повлекувањето на руските војници, виделе најмалку 20 тела расфрлани по една улица, објави вчера Би-Би-Си.