Блинкен со поддршка за Украина, НАТО бара да се стави крај на руските акции

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во вторникот понуди целосна поддршка од САД на Украина во конфликтот со Русија, а НАТО ја повика Москва да престане да собира трупи на украинските граници.

Блинкен, кој се врати во Брисел само неколку недели по неговата инаугуративна посета на Европа како Државен секретар на претседателот Џо Бајден, им изјави на новинарите дека „Соединетите држави стојат цврсто зад суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. Тој рече дека ќе разговара за амбициите на Украина за влез во НАТО еден ден.

Блинкен се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб, во интензивирање на дипломатијата откако министрите за надворешни работи на Групата седум го осудија зголемувањето на бројот на руски трупи во близина на украинската граница, што Западот тврди дека е сторено без никакво објаснување.

Повторувајќи ги ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претходно се состана со Кулеб, Блинкен рече дека Москва ги акумулира своите сили, во нивното најголемо зајакнување од 2014 година, кога избувна конфликтот меѓу Украина и Русија, а Москва го анектираше Крим од Украина.

Блинкен предупреди на руските „многу провокативни активности“, додека Столтенберг изјави дека руските војници се подготвени за борба.

– Во последните недели Русија премести илјадници војници кон украинските граници подготвени да се борат, во најголемата акумулација на руски војници од нелегалното припојување на Крим во 2014 година – рече Столтенберг.

– Русија мора да стави крај на оваа воена акумулација во и околу Украина, да престане со своите провокации и веднаш да започне со деескалација – рече Столтенберг на прес-конференција со Кулеб.

Руските новински агенции го цитираат министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека Русија презема чекори да одговори на, како што рече, заканувачката воена акција на НАТО, вклучително и проверки на борбената готовност и воени вежби.

Агенциите го цитираат Шојгу како изјавува дека НАТО планира да распореди 40.000 војници и 15.000 воени лица во близина на руска територија. Западниот воен сојуз ги негира ваквите планови.

Русија денес исто така ги нарече Соединетите држави „противник“ и рече дека американските воени бродови треба да се држат настрана од Крим, кој има стратешка локација во Црното Море, на кој се повеќе патролираат бродовите на НАТО, пренесува Ројтерс.

Слични содржини