Блинкен тврди: Руските сили извршија воени злосторства во Украина

од Nikola Popovski
181 прегледи

Соединетите Американски Држави официјално објавија дека руските војници извршиле воени злосторства во Украина, најавувајќи дека ќе соработуваат со други за да ги казнат сторителите, објави Асошиејтед прес.

„Денес можам да објавам дека американската влада, врз основа на постоечките информации, проценува дека припадниците на руските сили извршиле воени злосторства во Украина“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на пат за Брисел, каде тој и американскиот претседател Џо Бајден ќе учествуваат на вонредниот самит на НАТО во четврток.

Проценката се заснова на „внимателно разгледување“ на јавните и разузнавачките извори, додаде Блинкен.

Тој додаде дека САД ќе ги споделат тие информации со сојузниците, партнерите и меѓународните институции кои ги истражуваат наводите за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Минатата недела претседателот Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“ поради нападот врз Украина.

Русија ги отфрла обвинувањата за напад врз цивили и тврди дека целта на офанзивата, која тие ја нарекуваат специјална воена операција, е демалитаризација и денацификација на Украина.

Слични содржини