Блинкен за Буча: Тоа е намерна акција насочена кон убивање, мачење, силување, извршување ѕверства…

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со новинарите во Мериленд пред летот за Брисел каде што ќе разговара со колегите и претставници на НАТО.

– Во Буча видовме дека тоа не е случајно злосторство на одметничка единица. Тоа е намерна акција насочена кон убивање, мачење, силување, извршување ѕверства. Извештаите се и повеќе од веродостојни. Доказите се таму за светот да ги види. Случајот „Буча“ ја зајакнува нашата решителност и решителноста на земјите ширум светот да се погрижат, на еден или друг начин, дека оние кои ги извршиле овие злосторства ќе бидат повикани на одговорност.

На прашањето дали САД имаат докази дека руските високи функционери можеби издале наредби за злосторството во Буча, Блинкен не одговори потврдно.

– Работиме на собирање докази, истакна тој.

Слични содржини