Блиските на Бритни Спирс организирале „интервенција“ за неа: „Се плашам дека ќе умре“

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Пејачката Бритни Спирс (41) има проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции. Двата проблеми станале толку критични што нејзините блиски организирале интервенција, пренесува TMZ.

„Се плашам дека ќе умре“, изјавил извор за TMZ.

Неколку луѓе потврдија дека се вознемирени од нејзиното однесување и дека таа зема лекови кои ја „креваат“. Блиски извори тврдат дека Бритни има се почести испади и не зема лекови за стабилизирање на расположението.

Изворите рекоа и дека нејзиниот менаџер изнајмил куќа во областа Лос Анџелес неколку месеци, а планот бил да ја донесе Бритни во куќата, каде што ќе биде нејзиниот сопруг Сем Асгари (28), нејзиниот менаџер и лекарите, за да се обидат да ја убедат дека ѝ треба помош. Нејзиниот татко Џејми и нејзините два сина не биле вклучени во планот.

Според првиот план, Бритни требало да живее околу два месеци во изнајмена куќа, каде ќе добие медицинска помош и психолошко советување. Но, планот се променил во вторникот откако пејачката забележала дека нешто се подготвува околу неа без нејзино знаење.

Изворите тврдат дека на крајот Бритни навистина се согласила да се сретне со лекар, но не се знае точно дали се работи за доктор или терапевт. TMZ пренесува дека пејачката се сретнала со докторот во средата и дека „поминало добро“.

Да потсетиме, Бритни минатиот месец беше видена во ресторан во близина на нејзиниот дом во Л.А., а сведоците рекоа дека таа се однесувала манично. На видеото снимено од еден од присутните се слушаше како пејачката зборува глупости. Таа потоа им се обрати на фановите на Инстаграм и рече дека немала нервен слом, туку дека испила малку повеќе.

Слични содржини