Близнаците на Џулија Робертс го слават 18-от роденден: Таа им честиташе со емотивна фотографија

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Познатата актерка Џулија Робертс од 2002 година е во брак со Даниел Модер, со кој има три деца, синовите Хенри и Финеj и ќерката Хејзел.

Хејзел и Финеj се близнаци, а денес го слават својот 18 роденден.

Нивната мајка се огласи на Инстаграм и сподели досега невидена фотографија од близнаците од времето кога тие беа бебиња.

Таа само го ставила бројот 18 во описот и додала: „Ве сакам“.

Откако се реализираше како мајка, Џулија направи пауза од кариерата и им се посвети на децата, а неодамна зборуваше и за тоа дека моментот кога близнаците ќе одат на факултет ќе ѝ биде тежок, но дека се подготвува за тоа.

Слични содржини