Блокиран законодавниот дом на Хонг Конг поради нацрт закон за екстрадиција во Кина (видео)

од Vladimir Zorba

Илјадници демонстранти во Хонг Конг го блокираа влезот на Законодавниот совет денеска, пред второто читање на контроверзниот закон за екстрадиција, што ќе им овозможи на луѓето да бидат екстрадирани од Хонгконг во Кина за судење.

До 8 часот по локално време, толпата ги блокираше главните патишта што водат кон законодавното тело да го изразат својот протест против законот.

Иако на крајот од минатата недела милион луѓе протестираа против тој документ, владата на Хонг Конг вети дека ќе го продолжи процесот на усвојување и ќе гласа за тоа до 20 јуни.

Освен законодавниот орган, блокирани се приодите и кон зградата на Владата.
Седницата на законодавниот орган е одложена, соопштија властите.

Слични содржини