548
Сметката на ВМРО ДПМНЕ е блокирана од страна на извршител и тоа поради неплатени долгови, врзани за уметничките слики, односно нивните рамки кои се поставени во внатрешноста на седиштето на партијата.
Имено, засега е непозната сумата која партијата треба да ја плати, а информациите говорат дека ова е долг кој потекнува од времето на Никола Груевски односно под негово раководство.
Овие слики беа поставени по изградбата на новото партиско седиште, а од партијата се уште не го откриваат името на фирмата која им ја блокирала сметката, пренесува А1он.